„Епл“ вети дека ќе го разгледа прашањето за Крим

Од:

Претставник на технолошката компанија „Епл“ внимателно ќе го изучи прашањето за спорните граници на Крим, откако во апликациите „Карти“ и „Време“ во оперативниот систем на „Епл“, полуостровот Крим беше прикажан како дел од Русија.

Се верува дека компанијата го направила тоа под притисок на Русија, бидејќи промените се видливи само за корисниците на „Епл“ во таа земја. Додека за корисниците во сите други земји во светот, вклучително и Украина, не е покажано на која земја спаѓа полуостровот.

Украина претходно изрази протест до американскиот технолошки гигант поради тоа што во географските карти на овие апликации Крим стана дел од Русија.

За САД, ЕУ и огромен број на земји во светот Крим е дел од Украина, и тие сметаат дека земјата е незаконски окупирана од Русија која го анектираше полуостровот во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он