„Епл“ со нов софтвер

Од:

Во пресрет на годинашната конференција на производители, од директорот на „Епл“ (Apple), Тим Кук се очекува да го престави воведувањето на новиот софтвер за Ајфон, подобрената фарјанта за Мек – комјутерите и да открие повеќе детали за нивната иднина.

Новиот софтвер за Ајфон, Ајпад и Ајпод го потврдуваат и рекламите, кои се поставени околу конференцискиот центар „Москон“ во Сан Франциско. На нив пишува „IOS6“.
Нема да биде првпат компанијата „Eпл“ да изненади на оваа конференција затоа што и предходно ја има корисетено оваа прилика за да ги престави своите новитети за Ајфон.

Се уште не е познато што нуди „IOS6“. Ноиот софтвер обично е достапен за симнување кога се појавува нова генерација на Ајфонот. Експертите веруваат дека Ајфон – 5 на пазарот ќе се појави во есен кога поминува и речиси една година откако во продажба се пушти Ајфон 4-с.

Во 2010 година Ејпл го престави својот Ајфон 4 на истата ваква конференцијата, но аналитичарите не го очекуваат истото сценарио и оваа година. Тие очекуваат нешто друго.

Оперативениот систем „IOS5“ беше воведен минатата година. Во него се додадени многу функции кои можат да се најдат кај конкуренциските софтвери. Вграден е и еден виртуелен асистент „Siri“, кој ги толкува гласовните команди и им одговара на истите.

Оваа година, не се очекуваат иновации, но дефинитивно ќе има подобрување. Се шпекулира дека Фејсбук би можел да стане уште повеќе интегриран, како што беше случајот со Твитер минатата година. Со тоа полесно ќе се објавува на Фејсбук преку „Епл“ апликациите.

Постојат неколку непознати работи за новиот Мек-софтвер. Компанијата „Епл“ веќе покажа најголем дел од можностите на „OSX 10.8“ најавени да се продаваат веќе лето.
Производителите веќе можат да ја симнат верзијата на софтверот. Со ова се намали разликата помеѓу мобилните телефони и компјутерите и ќе се овозможи Mек – компјутерите да се однесуваат повеќе како на Ајфон.

Од Кук се очекува да ги најави своите иновации за Mек компјутерите затоа што „Интел“ веќе ги унапреди своите процесори и чипови, а повеќето Мек – комјутери немаат напреднато подолго време.

Најмногу прашина се крена околу „ејпеловите телевизори“. Починатиот извршен директор Стив Џобс му ракажал на својот биограф дека сакал да ги подобри телевизорите. „Ејпл“ ги продава своите телевизори, но тоа е всушност многу мала кутија што се поврзува со телевизорот и преку неа можат да се гледаат филмови од „Ајтунес“. Постојат многу шпекулации дека ќе биде презентиран телевизор со вграден „Ајтунес“.

Некои експерти очекуваат овој уред да биде преставен на конференцијата, но постоат и претпоставки оти станува збор за идејата на Џобс, односно дека ќе биде преставен унапреден софтвер „Ејпл – телевизор“ со проширени функции.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска