„Епл“ го ограничи бројот на телефони што може да ги купи еден клиент

Од:

Американската компанија „Епл“ го ограничи до два, бројот на телефоните Ајфон што купувачите можат да ги порачаат во нејзините онлајн продавници во САД и во многу други земји, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Секој купувач може да купи најмногу до два телефона од ист модел.

Последен пат кога имало вакви ограничувања било во 2007 година, кога „Епл“ за првпат го претстави револуционерниот паметен телефон. Компанијата тоа го стори да спречи телефоните да бидат купувани за понатаму да бидат препродадени за повисоки цени.

Во корпорацијата не го коментираат воведените ограничувања.

Као што е веќе извесно, поради пандемија на коронавирусот „Епл“ во САД привремено ги затвори сите свои физички точки на продажба. Производите на компанијата сега можат да се купат само онлајн. Истото тоа го стори и конкурентот Самсунг.

Би можело да ве интересира

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама