Епидемиолозите ги повикаа Американците да не патуваат за Денот на благодарноста

Од:

Претставник на американските Центри за контрола на заболувањата и превенција (ЦДЦ) во брифинг за новинарите денеска, ги повика Американците да не патуваат за претстојниот празник Ден на благодарноста.

Денот на благодарноста е еден од најважните празници во САД кој се слави во последниот четврток од ноември, а кога се отварaт предбожиќните и новогодишни празници. Во овој период Американците организираат семејни забави или средби со пријатели, се оди на шопинг, се користат годишните одмори.

-ЦДЦ препорачива да не се патува за Денот на благодарноста. Американците кои одлучиле да патуваат, ЦДЦ препорачува тоа да го сторат што е можно побезбедно, следејќи ги секојдневните препораки, изјави д-р Хенри Валки, менаџер за случаи на Ковид-19 во агенцијата.

Тој додаде дека „ова е најважното време секој Американец да ги удвои напорите во држење дистанца, миење на раце и, најважно, носење на маска“.

Според Волстрит џурнал, следната недела се очекува да патуваат околу 50 милиони Американци. Прогнозата е заснована на минатогодишната бројка кога 55 милиони патувале за време на овој празник, но набљудувачите на состојбите годинава очекуваат намалување на патувањата од најмалку 10 проценти. Споредбено со лани, авионскиот сообраќај се очекува да се преполови, а тоа значи барем 2.4 милиони луѓе да поминат низ аеродромите на земајта.

Затоа, во обид да се ограничи бројот на нови инфекции, здравствените лица на САД повикуваат да се остане дома, поради експлозијата од нови случаи во земјата, која е најзагрозана во вториот бран на светската пандемија на коронавирус.

Во изминатата недела, просечниот број на нови инфекции е нешто повеќе од 157.000 дневно, или повеќе од двојно, споредбено со летниот број на инфекции. Во меѓувреме, бројот на хоспитализации се зголемува во таквите сојузни држави како Минесота, Монтана и Висконсин, а на товар на обременетите буџети на овие држави поради еконосмката криза што започна во март.

ЦДЦ и претходно издаваше препораки за воздржување од патувања, но денешниот повик повеќе звучи како молба до Американците за претсојните празници да останат каде што се и да стојат настрана еден од друг.

Во некои држави како Њујорк, Њу Џерси и Мичиген, властите ги ограничија групирањата откако се појавија повеќе кластери на инфекции од навидум безопасните средби на пријатели, семејните слави како сповојници или собирања за ручек.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност