Епидемијата во Белгија најверојатно се приближува до пикот

Од:

Белгиските здравствени власти сметаат дека е “веројатно“ дека земјата се приближува до пикот на инфекции од коронавирусот, но сѐ уште е рано за укинување на мерките за изолација, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Во последните 24 часа во Белгија се хоспитализирани 487 пациенти поради коронавирусот, а 524 ја напуштиле болницата, бројот на зафатени болнички кревети е намален за 324, но зголемен е бројот на интензивна нега за шеснаесет кревети.

Последните бројки на хоспитализација деновиве во Белгија им даваат надеж на властите дека забавувањето е сигнал дека земјата се приближува кон пикот на епидемијата, но сметаат дека мора да се продолжи со напорите додека не е сигурно дека пикот е постигнат и надминат.

-Гледаме намалување на бројот на хоспитализирани лица, тоа е охрабрувачки знак дека нашите напори носат резултати, но ситуацијата останува тешка во старечките домови и болниците, мораме да продолжиме со овие напори, изјави вирусологот Емануел Андре, од Кризниот штаб.

Властите сега ќе набљудуваат каков ефект ќе имаат подобрените климатски услови, температурите во земјата достигнуваат 25 степени деновиве.

-Во други респираторни инфекции, топлото време имаат ефект врз ширењето на вирусот, во случај на коронавирусот сме соочени со нив вирус и не знаеме точно каков ефект ќе има добрата клима, сигурно ќе биде позитивен, но не и доволен, ако временските услови ни помогнат тоа е добро, но не смееме да сметаме само на тоа, изјави Андре.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски