Епидемија на тропска треска на Филипините

Од:

Филипинското Министерство за здравство прогласи национална епидемија на тропска треска, со цел да им се овозможи на надлежните подобро и побрзо да реагираат во спречување на ширењето на болеста.

Од јануари до 20 јули на Филипините биле регистрирани 146.062 случаи на треска, што е дури 98 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година. Од тропска треска починале 622 лица.

Надлежните од денеска почнуваат кампања за пронаоѓање и уништување на ларви од комарци, кои ја шират заразата.

Според податоците на Светската здравствена организација, зголемување на бројот на заболени од треската годинава е забележан и во други земји во Југоисточна Азија. Во Малезија се регистрирани над 62.000 случаи, а во Виетнам повеќе од 80.000.

Би можело да ве интересира

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ги погоди Филипините

Ана Ололовска