ЕП усвои мерки за построга контрола на надворешните граници на ЕУ

Од:

Европскиот парламент денеска усвои нови прописи со кои се заострува контролата на надворешните граници на ЕУ, со цел спречување терористички напади.

Предлогот за нови мерки, што го поднесе германската европратеничка Моника Холмаер, беше усвоен со 469 гласа „за“, 120 „против“ и 42 „воздржани“.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, со предлогот сите граѓани на ЕУ и државјаните на трети земји кои влегуваат или излегуваат на територијата на Унијата ќе бидат систематски контролирани со вкрстена проверка на базите на податоци, како што се тие на украдени и изгубени патни документи.

Новите правила се усогласени меѓу Европскиот парламент и Советот на министри на 5 декември 2016 година.

– Обезбедување на надворешните граници значи подигнување на моќен штит против тероризмот во Европа и зачувавање на правото на живот. Секој спасен живот, со разобличување на потенцијални странски борци е значаен. Систематската проверка на базите на податоци е неопходен чекор кон оваа минимална заштита што можеме да им ја понудиме на нашите граѓани, рече известувачот Моника Маковеј.

Новата регулатива, со која се дополнува Шенгенскиот граничен кодекс, беше претставен од страна на Европската комисија во декември 2015 година и со него се бара од земјите членки да вршат систематски контроли на сите лица кои ги минуваат надворешните граници на ЕУ, преку рпроверка во базите на податоци на украдени или изгубени патните документи или други соодветни бази на податоци на ЕУ. Мерките ќе се спроведуваат на сите аеродромски, поморски и копнени гранични контроли на влез и излез од ЕУ.

Оваа промена во регулативата е одговор на терористичките закани во Европа, како нападите во Берлин, Брисел и Париз, и на феноменот на „странски борци“’, термин со кој се именуваат граѓаните на ЕУ кои се приклучуваат на терористички групи во конфликтните зони, како што е групата Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак.

Меѓутоа, ако овие систематски контроли предизвикуваат премногу долго чекање на границите, земјите членки на ЕУ можат да спроведат „насочени“ проверки, во зависност од проценката на ризикот за закана за внатрешната безбедност или јавниот ред. Лицата кои нема да се предмет на „насочени“’ контроли ќе минат минимална проверка на конвенционален начин, за да се утврди дека нивните патни исправи се валидни и за да се утврди нивниот идентитет.

На аеродромите, на земјите членки ќе им биде дозволено да спроведуваат „насочени“ контроли во текот на преодниот период од шест месеци по стапувањето на новата регулатива. Овој период, дополнително може да се продолжи за не повеќе од 18 месеци, само во исклучителни случаи, на пример, ако аеродромите немаат инфраструктура што ќе им овозможува спроведување на овие систематски проверки во базите на податоци.

Регулативата ќе стапи во сила на дваесеттиот ден по нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ. Правилата ќе се применуваат веднаш и истовремено во најголемиот број земји-членки на Унијата, бидејќи Данска, Велика Британија и Ирска не се обврзани да го спроведат овој правилник.

Европратениците се надеваат дека новата директива за сузбивање тероризмот ќе биде вредно средство во борбата против лица кои имаат намера да извршат терористички напади и против радикализираните Европејци кои се врќаат од странски боишта, но и против т.н. „волци самотници“.

Според бебзедносните служби, во конфликтите во Сирија и Ирак улествуваат околу 5.000 Европјци, главно од четири држави – Франција, Велика Британија, Германија и Белгија.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ