ЕП: Координативниот совет е привремен претставник на народот во Белорусија

Од:

Европскиот Парламент денеска усвои резолуција за Белорусија, во која се наведува дека таканаречениот опозициски Координативен совет е „привремен претставник на народот“ во таа земја.

Резолуциите на ЕП не се обврзувачки, но имаат сила на препорака.

Како што се наведува во документот, ЕП „го поздравува Координативниот совет како привремен претставник на народот кој бара демократски промени во Белорусија“.

Во тој поглед, како што се додава, се повторува повикот на „белорускиот народ за организирање нови, слободни и фер избори што е можно поскоро, под меѓународен надзор“, предводени од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права во согласност со меѓународно признати стандарди.

Со Резолуцијата се повикуваат Европската комисија, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и Европскиот совет да обезбедат помош на „белоруската демократска опозиција, вклучувајќи го и Координативниот совет предводен од Светлана Тихановскаја“.

Масовните протести на опозицијата во Белорусија започнаа на 9 август, по претседателските избори, на кои Александар Лукашенко прогласи победа со 80,1 процент од гласовите.

Опозицијата не ги призна резултатите од изборите и смета дека победи Тихановскаја, која официјално освои 10,12 проценти од гласовите.

Би можело да ве интересира

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин

Лукашенко: Белорусија се подготвува за војна, иако сака мир

Лукашенко: Извршителите на нападот во Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски