ЕП изгласа: Србија треба да воведе санкции кон Русија доколку сака да ги продолжи преговорите со ЕУ

Од:

Одборот за надворешна политика на Европскиот парламент (ЕП) со мнозинство гласови усвои извештај во кој се бара пристапните преговори со Србија да бидат условени со усогласување на официјален Белград со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, т.е. со воведување санкции против Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

Во извештајот се наведува дека е неопходно да се даде приоритет на усогласувањето на земјите кандидати со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

-Пристапните преговори на Србија треба да се унапредат само доколку земјата се усклади со санкциите на ЕУ против Русија и постигне значителен напредок во реформите важни за ЕУ, се наведува во извештајот што беше усвоен денеска.

Европратениците ја повикаа Србија систематски да се усогласи со рестриктивните мерки и политика на ЕУ кон Русија и да покаже напредок во демократијата, владеењето на правото и да ги прифати вредностите и приоритетите на ЕУ.

Тие, исто така, повикаа и да се преиспитаат сите фондови на ЕУ за Србија, особено сите проекти кои се финансирани според економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, со цел да се осигура дека сите трошоци на ЕУ се целосно во согласност со стратешките цели и интереси.

Споменатиот извештај во ноември треба да оди на пленарна седница на Европскиот парламент, а доколку биде изгласан ќе стане официјална резолуција. Резолуциите на Европскиот парламент се советодавни за другите институции на ЕУ, како што се Европската комисија и Европскиот совет.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фон Крамон: Киев ќе ги добие ветените 50 милијарди евра

Европскиот парламент изгласа резолуција против Србија

Европските парламентарци бараат Србија да го екстрадира Милан Радоичиќ на Косово

А1он

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го одложи гласањето за извештајот за Македонија

Европскиот парламент повикува на национален консензус за евроинтеграциите

Косово доби визна либерализација