Ен-Би-Си: Трамп бара начини да го екстрадира Ѓулен во Турција

Од:

Белата куќа бара начин да го екстрадира турскиот исламски проповедник Фетула Ѓулен во Турција, со цел да ја одоброволи Анкара за намалување на притисокот врз Саудиска Арабија во врска со убиството на новинарот Џамал Кашоги, тврди Ен-Би-Си, повикувајќи се на извори во американската Администрација.

Според телевизијата, Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побарала од неколку федерални агенции на САД да пронајдат законски начини за екстрадиција на Ѓулен, кого Турција го обвинува дека стои зад обидот за воен удар во земјата во 2016 година и бара од Вашингтон да и го предаде. Ѓулен, кој живее во добровилен азил во САД, ги отфрла ваквите обвинувања на Анкара.

Ен-Би-Си тврди дека Белата куќа побарала одново отворање на постапката за екстрадиција на Ѓулен, како и информации за неговиот правен статус во САД, каде тој престојува со зелена карта уште од 90-те години на минатиот век.

Ниту една американска агенција не сакала да ги коментира сознанијата на Ен-Би-Си, додека неименуван турски претставник изјавил дека Анкара на никаков начин не го поврзува случајот на Ѓулен со убиството на саудискиот новинар Кашоги.

– Не гледаме никаква поврзаност меѓу овие два случаи. Сакаме да видиме активности на САД насочени кон екстрадиција на Ѓулен, но ние ќе продолжиме со нашата истрага за случајот Кашоги, изјавил турскиот претставник за Ен-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски