ЕМА: Одобрението за „Спутник В“ се пролонгира за септември

Од:

Одобрувањето за вакцината „Спутник В“ во Европската унија ќе се одложи затоа што е пробиен рокот за доставување дополнителни податоци, изјавија за британските медиуми две лица запознаени со случајот, со што се намалуваат шансите на ЕУ да се бори против пандемијата на коронавирусот.

Еден од изворите, член на германската Влада, изјави дека неуспехот да се достават потребните клинички податоци до Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ја одложи одлуката на Европската унија најрано до септември.

-Одобрувањето на „Спутник В“ најверојатно ќе се одложи до септември, а можеби и до крајот на годината, изјави германскиот владин претставник, кој сакаше да остане анонимен.

ЕМА се очекуваше до крајот на мај или во јуни да ја заврши ревизијата на „Спутник В“.

Друг извор додаде дека рокот за доставување на документацијата бил пробиен на 10 јуни, а производителот, рускиот институт „Гамалеја“, наводно соопштил дека документацијата ќе ја испрати следната недела или најдоцна до крајот на месецот.

Рускиот Фонд за директни инвестиции, што се занимава со маркетингот на вакцината, соопшти и дека ревизијата на ЕМА е во тек.

„Сите информации за „Спутник В“ и клиничките испитувања се предадени на една од службите на ЕМА и ревизијата е завршена и испратена до првите луѓе на ЕМА“, соопшти РДИФ.

Би можело да ве интересира

САД купиле уште 200 милиони дози од вакцината на Фајзер

Жарко Настоски

ЕМА ја препорача вакцината на Модерна за деца од 12 до 17 години

Жарко Настоски

Во Бразил ќе испитуваат како влијае трета доза од вакцината „Астразенека“

Жарко Настоски

Спутник создава долгорочен имунитет кај 90 проценти од вакцинираните

Катерина Павлова-Николовска

Тинејџери си ги тужат родителите затоа што не ги пуштаат да се вакцинираат

Жарко Настоски

Русија и Кина шират муабети за нашите вакцини, се жалат Американците

Жарко Настоски