ЕМА потврди дека згрутчувањето на крвта е можен, но редок ефект од вакцината на „АстраЗенека“

Од:

Европската агенција за лекови (ЕМА) потврди дека постои поврзаност помеѓу вакцината на „АстраЗенека“ и згрутчувањето на крвта.

ЕМА меѓутоа смета дека оваа последица е многу ретка и бенефитите од вакцината и натаму се поголеми од ризиците. Експертите од Агенцијата семтаат дека мора да продолжи вакцинацијата со сите расположливи вакцини затоа што тие спречуваат тешка форма на болеста и хоспитализација.

Агенцијата ќе ги информира сите здравствени работници како да ги детектираат знаците на згрутчување на крвта кај пациентите, а предупредувањата во упатството за „АстраЗенека“ ќе бидат ажурирани и ќе го содржат згрутчувањето на крвта како можна последица од оваа вакцина.

– По продлабочена студија комитетот за фармаковигилентност на ЕМА заклучи дека невообичаено згрутчување на крвта по вакцинирањето со АстраЗенека треба да биде вклучено како можен нус ефект, изјави Имер Кук, претседателка на Европската агенција за лекови.

За сега начинот на кој се случува оваа реакција не е јасен, една од можните причини е дека се случува имунолошка реакција слична на таа што се случува кај пациенти третирани со хепарин.

Ризикот од тромбоза по примањето на вакцината на „АстраЗенека“ може да се случи до две недели по вакцинирањето, а можни знаци се краток здив, тешкотии со дишење, болка во вратот, главоболка и заматен вид, меѓу другото.

Доктор Сабине Штраус од ЕМА повика вакцинираните лица да ги информираат брзо и детално здравствените работници за можни нуспојави за да се помогне во натамошната анализа на оваа и другите вакцини.

– Лицата кои мислат дека преживуваат нус појава треба што е можно подетално да пријават, рече Штраус.

Во овој момент стапката на пријавување на нус ефекти е еден на 100 илјади во Германија, додека во Обединетото Кралство е околу еден на 600 илјади, што е можно објаснување и за тоа зошто помалку случаи на тромбоза се пријавени во оваа земја.

– Многу зависи од тоа каков е системот на пријавување во секоја земја, и како се идентификуваат случаите, знаеме дека во Германија е направена огромна работа во овој дел, таму стапката е еден на сто илјади, додека во Обединетото Кралство стапката е многу пониска, додаде Штраус.

По оваа прес-конференција ЕМА ќе разговара со здравствените власти во сите земји од ЕУ за вакциналните стратегии, но секоја членка сама може да одлучи како понатаму ќе вакцинира со дозите на оваа компанија и дали смета дека треба да се ограничи вакцинацијата на одредени групи од населението.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он