Електричните скутери делумно забранети на Октоберфест

Од:

На годинешниот Октоберфест, користењето електрични скутери ќе биде ограничено, поради загриженоста дека возачите можеби ќе одлучат да ги возат и во пијана состојба.

Како што соопштија германските власти вчера, големите огради околу местата на одржување на Октоберфестот, поставени поради автомобилите, ќе се однесуваат и на електроскутерите. Освен тоа, по 17 часот нема да може да се изнајми електроскутер на поширокото подрачје, а ќе бидат одредени и посебни места каде што тие ќе можат да се паркираат.

– Многумина ги сметат електричните скутери за играчки и, за жал, премногу често се случува да ги возат во пијана состојба. Оние кои го прават тоа, се загрозуваат и себеси и другите, а ќе ја загрозат и својата возачка дозвола, предупреди претставникот на локалната власт, Томас Бел.

Тој нагласи дека новите правила мора да се почитуваат.

Октоберфест традиционално се одржува во главниот град на германската покраина Баварија – Минхен, при што има не толку познати имитации и во други делови на Германија. Главниот настан годинава се отвора на 21 септември и ќе трае до 6 октомври.

Би можело да ве интересира

Мистериозна смрт на Албанец во Германија: Телото пронајдено во шума, тинејџер ја презеде вината

Горан Наумовски

Снежно невреме во Германија и Швајцарија

Горан Наумовски

Поради невремето откажани над 150 летови во Германија, локалните патишта се покриени со снег

Горан Наумовски

Спречен терористички напад во Германија

Претреси во четири германски сојузни покраини, акција против радикалните исламисти

Тинејџери во Германија организирале проституција, подведувале пет 14-годишни девојчиња и едно момче

А1он