Еквадор усвои закон за контрола на медиумите

Од:

Парламентот на Еквадор го усвои контроверзниот закон за медиумите и покрај острото противење на опозицијата и на новинарските организации.

Со овој закон се создава контролор кој ќе ја надгледува работата на медиумите, а се прави и прераспределување на сите радио и телевизиски фреквенции.

Целта на законот, за кој три години се водеше јавна дебата, е ограничување на бројот на приватните бродкастери кои сега се во мнозинство.

Опозицијата ја обвинува Владата на левичарскиот претседател Рафаел Кореа за „задушување на правото и на законитоста“, но Владата се брани дека со новиот закон се спречува „злоупотреба на медиумите и нивно монополизирање“.

Претседателот Кореа, кој го почна и третиот мандат, што е случај без преседан во оваа јужноамериканска земја, многу често е во судир со домашните новинари. Тие постојано го обвинуваат дека сака да ги стави под контрола медиумите и нивното работење.

Еквадорската опозиција тврди дека земјата со Кореа како претседател, е „на пат кон устоличување на фашистички режим“.

Опозициските лидери велат дека од 2007 година, кога првпат дојде на власт, Кореа постојано настојува да ги неутрализира независните медиуми, кои се во приватни раце и да го задуши влијанието во јавноста на неговите политички противници.

Би можело да ве интересира

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници

Затворениците во Еквадор ослободија 11 вработени во затворот кои беа земени како заложници