Еквадор: Полицијата заплени 3,5 тони кокаин наменети за Европа

Од:

Еквадорските власти пронајдоа 3,5 тони кокаин во две одделни заплени на др ога, откриени во контејнери со банани наменети за испорака во Европа.

Еден од контејнерите бил наменет за испорака во Велика Британија, а другиот до холандското пристаниште Ротердам, извести полицијата.

Во едениот случај, властите пресретнале камион со контејнер на пристаништето Гвајакил и пронашле 92 кутии во кои имало вкупно 2.300 пакувања од по еден килограм кокаин.

Во друг контејнер, кој бил пронајден во истиот регион, полицијата запленила 87 кутии во кои имало 1.218 пакувања со кокаин.

Во двата случаи на заплена на дрога, по едно лице е уапсено.

Инцидентот се случил само еден ден откако еквадорската полиција пронајде кокаин во стан во градот Манта, кој бил скриен во лименки туна наменети за извоз.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лизгање на земјиштето во Еквадор: 23 загинати и 38 повредени, се трага по уште 67 исчезнати лица

Ана Ололовска

Писмо-бомба експлодира во рака на новинар: Сомнителни пратки пристигнале до повеќе луѓе

Горан Наумовски

ВИДЕО: 12 жртви и стотици повредени во земјотресот во Еквадор

ВИДЕО: Најмалку 12 мртви во земјотресот во Еквадор, урнати згради, уништени автомобили

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Снимка од студио, панична реакција на водителите на земјотресот во Еквадор

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Јужна Америка: Луѓето бегаат во паника

Катерина Павлова-Николовска