Еквадор: Не знаевме за какво било барања за екстрадиција на Асанж

Од:

Еквадор не бил запознаен за какво било барање за екстрадиција на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, пред да му биде укинет азилот во амбасадата на таа земја во Велика Британија, соопшти денеска еквадорскиот министер за надворешни работи Хозе Валенсија.

– Во време кога е донесена одлуката за укинување на азилот, постоеше само случај во Велика Британија за кршење на условите за кауција, рече Валенсија во обраќањето пред Парламентот во Кито.

Еквадор претходно соопшти дека на Асанж му го укинал азилот во амбасадата, како и еквадорското државјанство, бидејќи тој и Викиликс се мешале во внатрешните работи на таа земја.

САД мораат на Велика Британија да и достават барање за екстрадиција на Џулијан Асанж до 12 јуни, изјави денеска британскиот судија задолжен за случајот на основачот на Викиликс, Мајкл Сноу.

Асанж се појави пред судот во Вестминстер откако беше изнесен од Амбасадата на Еквадор и уапсен за прекршување на условите за кауција пред речиси седум години, кога беше наложена неговата екстрадиција во Шведска, под обвинение за силување.

Американските обвинители денеска соопштија дека против Асанж покренале обвинение дека тој, заедно со поранешниот разузнавачки аналитичар на американската армија на Челзи (Бредли) Менинг, ковал заговор во обид за пристапи до доверливи информации во компјутерот на владата на САД во 2010 година.

Основачот на Викиликс е обвинет дека му помагал на Менинг да ја пробие лозинката, со помош на која успеал да пристапи до податоци во компјутерот на Пентагон.

Би можело да ве интересира

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА