Еквадор ќе донесе суверена одлука за Асанж

Од:

Претседателот на Еквадор Рафаел Кореа изјави денеска дека неговата земја нема да попушти пред притисокот на Велика Британија, Шведска и САД при одлучувањето за тоа дали да му одобри азил на основачот на Викиликс Џулијан Асанж.

– Ќе се консултираме со сите со кои што е потребно, но ќе донесеме суверена одлука за тоа дали на Асанж ќе му дадеме азил, истакна тој.

Асанж од минатиот месец се наоѓа во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде поднесе барање за азил за да ја избегне екстрадицијата во Шведска.

Основачот на Викиликс, кој на таа веб страница објави 250 илјади доверливи телеграми на американската Влада, во Шведска е обвинет за силување, што тој го негира тврдејќи дека тоа е само начин да биде екстрадиран во САД.

Кореа изјави дека мошне ги почитува Лондон, Стокхолм и Вашингтон, но дека Еквадор нема да им дозволи на тие влади да ја диктираат одлуката за азил.

Според него самата можност Асанж во САД да биде осуден на смртна казна е доволна причина неговата Влада да му одобри азил на основачот на Викиликс.

– Доколку неговиот живот е во опасност, тоа е доволна причина да му дадеме азил, додаде тој.

Еквадор на Асанж му понуди азил во 2010 година.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА