Екстремното време е најчеста причина за раселувањето во 2020 година

Од:

Екстремните климатски промени поврзани со временските услови и масовните евакуации за заштита на ранливите категории луѓе го поттикнуваат глобалното зголемување на бројот на семејства принудени да се иселат од своите домови, а некои остануваат долгорочно раселени, се навеудва во извештајот на Женевскиот центар за мониторинг на внатрешно раселените лица (ИДМЦ).

Екстремното време во околу 98 проценти од случаите во 2020 година било причина за луѓето да мораат да го напуштат својот дом, се наведува во извештајот на ИДМЦ.

-Некои од нив брзо беа во можност да се вратат дома, по евакуацијата, рече директорката на ИДМЦ, Александра Билак.

Меѓутоа, се повеќе раселени не успеваат да се вратат, почнувајќи од австралиските семејства кои ги загубија своите домови во шумски пожари, преку жителите на пацифичките острови погодени од циклонот Харалд, до петте милиони жители на Јужна Азија евакуирани од циклонот Амфан.

-Раселувањето може да трае со месеци, па дури и со години, изјави Билак пред новинарите.

Таа додаде дека дури и богатите земји бележат зголемен број раселени лица, на пример, во САД по ураганот.

Дури и за оние кои се привремено евакуирани од домовите ваквото искуство „претставува шок“, забележа Билак.

Поради лошите временски услови, во годината на зголемен број на невремиња и поплави, 40 милиони луѓе се раселени, многумина од нив привремено.

-Особено загрижувачки е што овие високи бројки беа регистрирани за време на пандемијата со Ковид-19 кога ограничувањата на движењето го попречуваа собирањето на податоците, а се помалку луѓе бараа засолниште во итни случаи поради страв од инфекција, рече Билак.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска