Екстремната десница во водство на анкетите во Франција на десет дена пред евроизборите

Од:

Францускиот екстремно десничарски Национален собир (РН) ужива за два процентни поени поголема популарноста од блокот на центристичката партија Републиката во движење (РЕМ) на претседателот на Франција, Емануел Макрон, покажуваат резултатите од анкетата на „ОпинионВеј“ објавени денеска.

Според оваа анкета, РН, поранешниот Национален фронт (ФН), на Марин Ле Пен, на изборите за Европскиот парламент закажани за 25 мај може да се надева на 24 отсто од гласовите, а РЕМ, која настапува во коалиција со Демократското движење (МоДем), би добила 22 проценти.

Разликата меѓу РН и РЕМ на сите анкети последнава недела се движи меѓу еден и три процентни поени.

Зад водечкото дуо, на трето место, според анкетата, е конзервативната партија Републиканци (ЛР), која има поддршка од 14 отсто.

Далеку зад нив се левичарската Непокорната Франција (ФИ) со осум отсто поддршка и Европа екологија – Зелени (ЕЕЛВ) со седум проценти.

Блокот на Социјалистичката партија (ПС) и Јавно место (ПП), според анкетата има 5,5отсто поддршка или само 0,5 процентни поени над изборниот праг за учество во распределбата на мандатите.

Под петпроцентниот цензус се Комунистичката партија на Франција (ПЦФ) и десничарската Франција Простум (ДЛФ) со по четири отсто поддршка и социјалдемократската Генерација.С (Г.С) и либералната Унија на демократи и независни (УДИ) со по два проценти.

Шест други партиски, меѓу кои и Жолтата алијанса, која поврзана со движењето на “жолтите елеци”, уживаат поддршка од по еден отсто.

Околу 22 проценти од испитаниците изјавиле дека немаат намера да гласаат.

Анкетата предвидува дека излезноста на изборите ќе биде околу 40 проценти, што би било нешто помалку од одѕивот од 42,4 отсто на претходните евроизбори во 2014 година.

Истражувањето на јавното мислење е спроведено меѓу 8 и 15 мај и со него биле опфатени 1.973 испитаници.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден