Експресна реакција на Трамп: Бајден ја уништува нацијата и дополнително ја дели Америка

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп експресно реагираше на говорот на актуелниот претседател Џо Бајден, по повод првата годишнина од насилниот упад на разулавената толпа во Капитол Хил, при што го обвини за „уништување на нацијата“.

-Актуелниот претседател го искористи моето име денеска за да се обиде дополнително да ја подели Америка, рече Трамп.

Тој ги повтори наводите за изборни измами.

-Медиумските соучесници тоа го нарекуваат голема лага, а големата лага всушност беа самите избори, повтори поранешниот претседател.

„Демократите сакаат да го имаат овој ден, 6 јануари, за да можат да ги подгреат стравовите и да ја поделат Америка“, додаде Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас

„Вашингтон пост“: Трамп веќе влијае на настаните во Украина