Експлозијата во даночната служба во Копенхаген

Од:

Данската полиција ги истражува причините за експлозијата што доцна синоќа ги искрши прозорците и предизвика штети врз фасадата на зградата на даночната служба во Копенхаген, јави ДПА.

Експлозијата е напад, но се уште е рано да се каже кој е одговорен, соопшти денеска полицијата

„Тоа е загрижувачко и целосно неприфатливо дејствие“, изјави данскиот министер за даноци, Мортен Бедсков, на Твитер.

Тоj додаде дека зградата претрпела сериозни оштетувања.

Во моментот на експлозијата во неа имало две лица, но и двајцата останале неповредени, соопшти полицијата за локална телевизија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

Се запали цистерна во близина на бензиска пумпа на автопатот Велес-Градско – Пожарникарите спречиле да експлодира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Почина жената која беше повредена во експлозијата во Параќин

Жена е тешко повредена во експлозија во Параќин