Во експлозијата во украинската амбасада во Мадрид, повреден чувар

Од:

Чувар на украинската амбасада во Мадрид денеска е повреден откако отворил писмо-бомба упатено до амбасадорот, а Киев нареди зголемени безбедносни мерки во сите свои претставништа во странство.

Чуварот се здобил со полесни повреди и самиот отишол во болница на лекување, изјави претставник на шпанската влада Мерцедес Гонзалес за телевизијата Телемадрид.

По инцидентот, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба им нареди на сите амбасади и конзулати на Киев во странство итно да ги зајакнат безбедносните мерки, изјави портпаролот на Министерството.

Министерот, исто така, ја повика Шпанија „да преземе итни мерки за да го истражи нападот“, додаде портпаролот.

Извршителите, додаде тој, „нема да успеат да ги заплашат украинските дипломати или да ја прекинат нивната секојдневна работа на зајакнување на Украина и спротивставување на руската агресија“.

Писмото, кое пристигнало по обична пошта и не било претходно проверено, „предизвикало многу мала исеченица на прстот од десната рака на вработениот откако го отворил во градината на амбасадата“, рече Гонзалес.

Таа потврди дека писмото било наменето за украинскиот амбасадор Серхи Похорелцев.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина