Експлозија во автобуска станица во Нигерија

Од:

Најмалку 25 лица загинаа во серијата експлозии на автобуската станица во нигеријскиот град Кано, на северот на државата.

Одекна силна експлозија во Њу роуд станицата. Експлозијата ја пратеше густ црн чад, кој предизвика конфузија кај луѓето кои брзаа да излезат надвор, некои со крвава облека – изјави очевидецот, Тунде Казим за агенцијата Асошиејтед прес.

Во експлозијата се уништени и неколку автобуси во градската област Сабон Гари, каде што претежно живеат раселените христијани од југот на државата.

-Видов три запалени автобуси. Едниот беше полн со патници кои чекаа да излезат надвор од станицата во моментот на експлозијата – изјави член на спасувачката екипа.

Кано е еден од неколкуте северни нигеријски градови кои во повеќе наврати беа мета на исламистичката група Боко Харам.

За сега никој не презеде одговорност за нападот и покрај тоа што Боко Харем е главниот осомничен. Истата станица беше мета на напади и минатата година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи