Експлозија кај Днепар, има повредени, меѓу нив и деца

Од:

Дваесет лица се повредени, меѓу кои пет деца, во експлозија во близина на украинскиот град Днипро во која се урна двокатна зграда. Гувернерот Серхиј Лисак изјави дека три деца се тешко ранети и дека 17 лица се згрижени во болница, додавајќи дека уште едно дете е заробено во урнатините.

Зеленски: Русија е терористичка држава

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека експлозијата се случила меѓу две згради.

„За жал, сè уште има луѓе заробени во урнатините. Русија повторно докажа дека е терористичка држава“, рече Зеленски.

На социјалните мрежи се наведува дека причина за експлозијата била руска ракета и дека била погодена и зградата на итната служба, а објавените фотографии покажуваат како спасувачките служби ги пребаруваат урнатините на зградата. Украинската армија не потврди дека се работи за ракетен напад. Русија негира дека нејзините воени сили целат цивили.

Би можело да ве интересира

„Забраната за влез на автомобили со руски регистарски таблички во земјите на ЕУ е нацизам“

Објавен таен документ: Ова се целите на САД во Украина

Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанок во Киев

„Идиоти“, „високорангирани морони“ и „уште една будала“

Катерина Ѓуровски

Синот на Пригожин се обидува да го преземе Вагнер

Катерина Ѓуровски

Колку чини војната во Украина – ден на бојното поле Америка го плаќа со 86 милиони долари