Експертите го отфрлаат тврдењето на Нетанјаху дека Израел речиси го победил коронавирусот

Од:

Израелските здравствени експерти денеска го отфрлија тврдењето на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека Израел наскоро ќе „заврши со ковидот“ затоа што смета дека на нивниот успех во кампањата за вакцинација му нема рамен во светот.

-Тоа е политичка, а не професионална изјава, изјави професорот Хагеј Левин, епидемиолог и поранешен претседател на Здружението на лекари, а ова гледиште го делат и многу други лекари во Израел.

Имунолологот Томер Херц, од универзитетот „Бен Гурион“, изјави дека тврдењето на Нетанјаху „е изјава за кампањата пред парламентарните избори“, закажани за 23 март, и дека е „слична на многуте други што ги дал“, објавија денеска израелските медиуми.

Нетанјаху го пофали успехот на израелската кампања за вакцинирање што почна на 19 декември, имајќи предвид дека од 9,3 милиони жители, барем една доза од вакцината примиле повеќе од четири милиони, или две третини од граѓаните кои можат да ја примат.

Тој предвидува дека ова ќе му овозможи на Израел наскоро да се „ослободи“ од Ковид-19.

Премиерот пред два дена апелираше до 570. 000 лица над 50-годишна возраст да се вакцинираат. Тој, исто така, кажа дека третото ограничувањњ што сега се укинува не е само последна таква мерка, туку дека Израел, како што додаде, „ќе заврши со Ковид-19 и точка!“.

Професорот Левин ја отфрли изјавата затоа што смета дека е претерана и не се темели на факти и затоа запраша: „Што е со луѓето под 50 години?“ и „Што ако во иднина има нови мутации против кои вакцината не обезбедува заштита?“.

Професор Херц, исто така, изрази загриженост за младите невакцинирани луѓе и новите мутации, нарекувајќи го тврдењето на Нетанјаху „целосно невистинито“.

-Ситуацијата е многу полоша од тоа што тој се обидува да ја претстави, рече Херц.

Епидемиологот на хебрејскиот универзитет, професор Ронит Калдерон-Маргалтн исто така го оцени како „неточно“ предвидувањето на Нетанјаху, предупредувајќи дека „вирусот ќе продолжи да циркулира меѓу младите и децата, од кои некои ќе станат сериозно болни, но бројките ќе бидат помали“.

Би можело да ве интересира

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно

Се закани со нуклеарен напад на Газа, Нетанјаху мораше да го суспендира министерот

ВИДЕО: Нетанјаху е надвор од контрола, треба да се изведе пред Хашкиот суд бара шпанска министерка

Бајден и Нетанјаху се договорија за континуиран проток на помош за Газа

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху: Само што почнавме, секое место каде е Хамас ќе се претвори во прашина

Нетанјаху ја повика опозицијата на формирање влада на национално единство