Експерти од Ербас го истражуваат падот на авионот во Пакистан

Од:

Тим експерти од Ербас пристигнаа во Пакистан за да учествуваат во истрагата за авионската несреќа во која загинаа 97 луѓе, соопштија официјални лица.

– Ербас испрати тим од 11 експерти за да обезбеди техничка помош на Комисијата за истраги на несреќи, рече Абдула Хафиз Кан, портпарол на пакистанската авиокомпанија ПЛА, на чиј лет во Карачи се урна авионот на „Ербас“.

Кан рече дека ПЛА ќе им помогне на „Комисијата и тимот на Ербас да ја утврдат вистинската причина за несреќата“.

Тимот ќе изврши увид на пистата и ќе го посети местото на несреќата, од кое надлежните престанаа да ги отстрануваат остатоците од авионот. И црната кутија ќе им биде предадена на експертите.

Ербас А320 се урна врз населена улица, неколку моменти пред да слета на аеродромот во Џина.

Двајца патници преживеаја, а никој од жителите во областа каде што се урна авионот не загина, иако околу дваесет куќи се оштетени.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран