Експерти на Обединетите нации го повикаа Иран да ослободи уапсени демонстранти

Од:

Група независни експерти назначени од Советот за човекови права на ОН денеска го повикаа Иран да ги ослободи сите лица приведени за време на неодамнешните протести.

Тие рекоа дека се „шокирани“ од извештаите што укажуваат дека затворениците биле измачувани или на друг начин злоставувани.

Во заедничката изјава на повеќе од 10 експерти за човекови права, се проценува дека од околу 200.000 луѓе кои учествувале на неодамнешните протести во Иран, околу 7.000 се уапсени, а илјадници се во притвор.

„Ние сме шокирани од извештаите за злоставување притворени лица“, велат експертите.

Тие додаваат и дека притворените се задржани во пренатрупани центри и дека на некои им е одбиен медицински третман.

Експертите велат дека најмалку 304 луѓе загинале во протестите, повикувајќи се на „веродостојни извори“.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел