Експерти: ЕУ без стратегија против поморската економија на Кина

Од:

Европската унија нема стратегија за борба против зајакнувањето на Кина во поморската економија, изјавија неколку европски експерти во Монпелје, Франција.

Кинеската стратегија, која се фокусира на развојот на „Поморскиот пат на свилата“, е јавна и „исклучително стимулативна затоа што покренува прашања за недостиг на европска поморска стратегија“, рече Ламиа Керџуџ-Белкаид, генерален секретар на Фепорт (Федерација на европски приватни пристанишни компании и терминали), за време на тркалезна маса во рамките на состанокот за поморската економија.

– Нашиот став е многу јасен: странските инвестиции се добредојдени се додека има реципроцитет. Но, засега, со Кина имаме тешкотии да го оствариме тоа, рече Белкаид.

Олаф Мерк, експерт за поморски транспорт во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), потсети дека Кина контролира 16 терминали во 13 европски пристаништа, вклучувајќи ги Пиреја (Грција), Валенсија (Шпанија) и Зебруг (Белгија).

– Цената на кинескиот брод е за 20 проценти пониска од бродот што го напушта Атланското бродоградилиште во Сен-Назер, на западниот дел на Франција, рече тој.

Според Мерк, Франција „има карти за играње“, особено во однос на бродовите со „нулта емисија“ на загадувачки гасови.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на коронавирусот во Кина

И покрај падот на наталитетот, зголемен бројот на населението во Кина

Ана Ололовска

Кина минатата година со најмал економски раст

Ана Ололовска

Две лица починаа во Кина од мистериозната вирусна пневмонија

Ана Ололовска

Тигањ: Секогаш можете да сметате на силна политичка поддршка од Хрватска на вашиот пат кон ЕУ

Ана Ололовска

Мал пад на акциите на европските берзи пред потпишувањето на договорот меѓу САД и Кина

Ана Ололовска