Економската криза влијае врз намалување на наталитетот во Европа

Од:

Поради светската економска криза во Европа се родиле помалку бебиња, се наведува во истражувањето на Институтот за демографски истражувања „Макс Планк“.

Со зголемувањето на невработеноста се намалува просекот на родени деца по жена во 28-те членки на ЕУ, покажува истражувањето.

– Економската криза, која почна во 2008 година и стави крај на дотогашната сеевропска тенденција на зголемување на наталитетот, изјави коавторката на извештајот Михаела Крајенфелд.

Оваа тенденцијата на намалување на наталитетот во најголем степен ги погоди јужноевропските земји, како Шпанија и Хрватска, но исто така и Унгарија, Ирска и Летонија.

Младите, особено тие под 25 години воопшто не размислуваат да имаат деца во услови на растечката невработеност, а оваа тенденција е забележана најмногу кај младите луѓе кои се уште не го добиле ниту првото дете.

Крајнфелд предупреди дека истражувањето покажало оти во Европа нивото на невработеост во одредена земја во денешно време директно влијае врз намерите на луѓето да имаат деца.

– Доколку невработеноста се зголеми за еден процент, наталитетот на една жена на возраст меѓу 20 и 24 години во просек се намалува за 0,1 отсто за целиот континент и 0,3 отсто за Јужна Европа, изјави тој.

Институтот забележал голема промена во Шпанија. Наталитетот во оваа земја изнесувал 1,24 деца на жена на почетокот на новиот милениум и се зголемувал секоја година, достигнувајќи 1,47 во 2008 година, но во 2009 година се намалил на 1,4, кога невработеноста се зголемила од 8,3 на 11,3 проценти. Во 2011 година наталитетот се намалил на 1,36 деца на една жена.

Во Чешка, Полска, Велика Британија и Шпанија економската криза само го запрела натамошното зголемување на наталитетот. Во Русија и Литванија, кризата имала само мал или никаков ефект врз наталитетот.

Во Германија, Австрија и Швајцарија кризата речиси не се одразила врз наталитетот, но невработеноста во тие земји се зголемила мошне малку или воопшто не забележала раст, а во Германија дури е забележала и пад.

Во истражувањето на Институтот е направена анализа на податоци за периодот 2001-2010 година и за дел од 2011 одина.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Намален наталитет и негативен природен прираст во четвртиот квартал од 2023 година

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“