Екоактивистите блокираат улици ширум Европа

Од:

Активистите на движењето „Екстинкшен рибелион“ (Extinction Rebellion) ги блокираа главните улици на Берлин, Амстердам и Лондон на почетокот од серијата протести со кои се бара нова политика за заштита на климата.

Околу илјада луѓе ја блокираа крстосницата во близина на Тиргартен паркот во Берлин, каде се наоѓа Споменикот на победата

Членови на движењето „Екстинкшен рибелион“ (Бунт против изумирањето) исто така поставија камп пред просторите на канцеларката Ангела Меркел во знак на протест поради подготвениот пакет мерки за борба против климатските промени.

Во Амстердам стотина демонстранти ја блокираа главната улица пред Ријксмузеј, една од најпопуларните туристички дестинации и поставија шатори. Протестот се одржува и покрај забраната од градските власти.

Активистите на „Екстинкшен рибелион“ ги блокираа и главните улици во Лондон, меѓу кои и улицата која води од Парламентот до Бакингемска палата. Британската полиција денеска превентивно уапси 10 активисти под сомнение дека го загрозуваат јавниот ред.

Екологистите во Франција ги блокираа влезовите во трговските центри „симболот на капитализмот“, прогласувајќи ја операцијата „последна окупација пред крајот на светот“.

Протести денеска се одржаа и во Австралија и на Нов Зеланд. Во Сиднеј полицијата уапси 30 демонстранти за одбивање да се симнат од патот кај главната железничка станица, јави ДПА. Слични, но мирни протести се одржаа во Мелбурн и Бризбејн.

Триесет активисти се уапсени и во главниот град на Нов Зеланд, Велингтон, каде стотици луѓе блокираа големи патишта, министерства, па дури и влегоа во банката АНЗ за да им порачаат да се откажат од поддршката за фосилни горива.

Протести се најавени и се одржуваат во Аргентина, Шпанија, САД, Ирска, Индија и Јужна Африка.

Движењето „Екстинкшен рибелион“ е формирано во Велика Британија и имаа ограноци во околу 50 држави.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска