Екоактивисти блокираа електрана на јаглен во Германија

Од:

Околу 40 активисти блокираа електрана на јаглен во Јаншвалде, на 100 километри југоисточно од Берлин, јави германската новинска агенција ДПА.

Како резултат на блокадата, престанале да работат два од вкупно четири оперативни енергетски блокови, информираше портпаролот на операторот на централата и ја опиша како „напад против безбедноста на снабдувањето со енергија“.

Екоактивистите ги блокираа железничките линии и подвижните ленти во централата, соопшти портпаролот на полицијата. Демонстрантите сепак не влегоа во отворениот рудник за лигнит, од кој се снабдува термоцентралата.

Името на групата што го организираше протестот е „Присилен оган“ и се спротивставува на употребата на јаглен за производство на струја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски