ЕК замрзна 22 милијарди евра наменети за Унгарија поради неисполнување на условите за владеењето на правото и почитувањето на човековите права

Од:

Европската комисија соопшти дека ќе ги задржи сите 22 милијарди евра од фондовите за кохезиската политика на ЕУ за Унгарија додека нејзината Влада не ги исполни условите кои се однесуваат на владеењето на правото и почитувањето на човековите права.

Износот од 22 милијарди евра се наменети за Унгарија од „кохезиските фондови“ на ЕУ кои земјата треба да ги добие од долгорочниот буџет на ЕУ од 2021 до 2027 година.

Одлуката да се задржи целиот износ за земјата е донесена бидејќи вчера Комисијата и Будимпешта потпишаа таканаречен договор за партнерство во кој детално се наведува како ќе се трошат парите од буџетот на ЕУ, како и 11 оперативни програми во рамки на кохезиската политика.

– Ќе продолжиме да работиме со унгарските власти за надминување на оваа ситуација, рече Елиса Фереира, комесар на ЕУ за кохезија и реформи.

Унгарија и ЕУ со години се расправаат околу владеењето на правото, корупцијата, третманот на сексуалните малцинства, образованието и миграциската политика.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Фашисти, евтини бугарски проститутки“: Навредите кон македонските Бугари влегоа во извештајот на Европската комисија

Орце Костов

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

ВИДЕО: Се урна авион во Унгарија, загинаа татко и син

Катерина Ѓуровски

Серија земјотреси во Унгарија: Утрово уште посилно се стресе

Во Унгарија запленети наркотици во вредност од 1,2 милијарди евра

Унгарскиот парламент не гласаше за прием на Шведска во НАТО на вонредната седница, свикана на иницијатива на опозицијата