ЕК загрижена поради владеење на правото во Полска

Од:

Европската комисија денеска соопшти дека е „многу загрижена“ поради состојбата со владеење на правото во Полска каде што е усвоен спорниот закон кој ќе овозможи да бидат отпуштени судиите кои ги критикуваат одлуките на власта.

– Комисијата е многу загрижена за состојбата на владеењето на правото во Полска, особено поради конечното усвојување на законот што предвидува измени во организацијата на основните судови, изјави портпарол на ЕК.

Тој додаде дека ЕК претходно ја повикала Варшава да го прекине усвојувањето на законот во оваа форма.

– Комисијата нема да се двоуми да преземе соодветни мерки доколку има потреба. Најновиот развој на настаните само покажува дека е потребно што поскоро да се воспостави фер и конструктивен дијалог“, рече портпаролот.

Би можело да ве интересира

Полска: Паркинг-исповеди во време на коронавирусот

Ана Ололовска

Полскиот вицепремиер поднесе оставка бидејќи не сака избори во време на епидемија

А1он

Моравецки: Да се воведат нови даноци за да се зголеми буџетот на ЕУ за борба против коронавирусот

Ана Ололовска

Претседателските избори во Полска ќе се одржат

Ана Ололовска

Поделба во полската владејачка коалиција во однос на одржувањето претседателски избори

Ана Ололовска

Полска, Унгарија и Чешка го прекршија законот на ЕУ за имигрантите

Ана Ололовска