ЕК вети нов пакет помош за Украина од 450 милиони евра

Од:

По состанокот на неколку еврокомесари со членовите на украинската Влада во Киев, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа соопшти за нов пакет помош за Украина во вредност од 450 милиони евра и други мерки за поддршка.

„Европската унија денеска испраќа многу јасна порака до Украина и пошироко за нашата колективна сила и решителност во лицето на бруталната руска агресија“, се наведува во соопштението на Фон дер Лајен.

Од новата финансиска помош, 145 милиони евра се наменети за хуманитарна помош, а 305 милиони евра за санација на оштетената инфраструктура.

Соопштението е последно во серијата ветувања за помош дадени за време на посетата на фон дер Лајен и 15 други претставници на Комисијата на Киев.

Зборувајќи претходно заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателката на Комисијата кажа дека ЕУ ќе и обезбеди на Украина 150 милиони евра за енергетска опрема, како и 35 милиони за енергетски ефикасни светилки и 2.400 генератори по повторените руски напади врз енергетската инфраструктура.

Шефот за европската дипломатија, Жозеп Борел, на украинскиот премиер Денис Шмихал му кажал дека земјите од ЕУ планираат да обучат вкупно 30.000 украински војници, што ја удвојува претходната цел на мисијата за воена обука на ЕУ од 15.000.

Украинските војници ќе добијат специјализирана обука, како и технички инструкции за нова опрема, вклучително и тенковите „Леопард 2“, наведе Борел на Твитер.

Борел, исто така, ги сподели плановите со Шмихал да и обезбеди на Украина 25 милиони евра за помош во финансирањето на операциите за деминирање.

„Заштитата на цивилите и нивните средства за живот е приоритет“, напиша тој на Твитер.

Фон дер Лајен додаде дека досегашната економска, хуманитарна и воена поддршка на ЕУ за Украина изнесува речиси 50 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ