ЕК се заложи да продолжи да ги поддржува финансиски сириските бегалци во Турција

Од:

Европската Комисија ќе продолжи да испраќа финансиска помош во Турција за социоекономска поддршка на сириските бегалци во рамките на договорот помеѓу ЕУ и Анкара од 2016, јави дописничката на МИА од Брисел.

Комисијата денеска објави дека според нејзините анализи финансиската помош на ЕУ за бегалците од Сирија во Турција направила значајна разлика на терен. За периодот помеѓу 2021 и 2023 година ЕУ ќе мобилизира дополнителни три милијарди евра, најави претседателката Урсула фон дер Лајен.

-Десет години од почетокот на сирискиот конфликт, нашите партнери во регионот и натаму носат најголем дел од товарот. Наш колективен предизвик е да ги заштитиме бегалците и да ги поддржиме нивните домаќини, порача фон дер Лајен.

Договорот помеѓу ЕУ и Турција датира од 2016 година, кога Европската Унија побара од властите во Анкара да ги задржат сириските бегалци на нејзина територија во замена за финансиска поддршка со која се помагаат социоекономските услови на бегалците.

Извештајот објавен денеска оценува дека оваа помош направила значајна разлика во животот на бегалците од Сирија.

Станува збор за независна проценка, велат од ЕК, која покажува дека ЕУ фондовите за сириските бегалци придонела за подобрување на нивните здравствени, образовни, економски и социјални услови.

Меѓутоа, извештајот исто така предупредува дека треба да се вложи поголем напор за намалување на социјалните тензии кај бегалците и ги повикува европските власти да направи повеќе за најранливите групи кои најтешко добиваат пристап до понудената помош.

Турција прима четири милиони бегалци на својата територија, што е најголема бегалска заедница во светот. Од нив 3,6 милиони се Сиријци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети