ЕК предлага решение за деблокирање на извозот на украински житарки

Од:

Европска Комисија денеска го претстави акцискиот план со кој се предвидува воспоставување на „солидарни патеки“ за да се овозможи копнен извоз на жито и други земјоделски производи од Украина, чии пристаништа се блокирани по руската инвазија.

Во нормални околности, 75 отсто од производството на жито во Украина оди за извоз, што претставува една петтина од вкупната извозна заработка на Украина. Пред руската инвазија, 90 проценти од извозот на жито и маслодајни семиња се одвиваше преку украинските пристаништа на Црното Море.

– За помалку од три месеци, 20 милиони тони жито ќе треба да ја напуштат Украина, користејќи ја инфраструктурата на ЕУ. Тоа е огромен предизвик и затоа е неопходно да се координираат и оптимизираат логистичките синџири, да се воспостават нови рути и да се избегнат, колку што е можно, тесните грла, се наведува во соопштението од ЕК.

Поради руската инвазија врз Украина и блокадата на нејзините пристаништа, не може да се извезуваат житарки и други земјоделски производи, што претставува глобална закана за снабдувањето со храна.

ЕК апелира до националните власти да бидат што е можно пофлексибилни и да обезбедат соодветен персонал за да ги забрзаат процедурите за преминување на границата.

Исто така ЕК најави дека ќе го процени расположливиот капацитет за складирање во ЕУ и, во координација со земјите-членки, ќе обезбеди поголем привремен капацитет за складирање на украинскиот извоз.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе и дава на Украина три милијарди евра профит годишно од замрзнатите руски фондови

Горан Наумовски

ЕК: Проширената ЕУ да не носи со себе нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови

ЕУ ги релаксира строгите климатски правила за да го смири гневот на земјоделците

Горан Наумовски

Европската Комисија препорача отворање на преговорите со Босна и Херцеговина

Брисел официјално предложи вклучување на обврските од Охридскиот договор во рамките на преговорите за членство на Србија во ЕУ

Горан Наумовски

Маричиќ гледа позитивно на извештајот од ЕК: Имаме напредок во 80 отсто од поглавјата, не е нотирано назадување