ЕК предлага краткорочна и долгорочна помош за Украина

Од:

Европска комисија предложи план за помош на Украина во повоената реконструкција, што предвидува долгорочни реформи и инвестиции, како и итна краткорочна макрофинансиска помош до девет милијарди евра во 2022 година, најави денеска претседателската на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
Таа наведе дека деветте милијарди евра годинава ќе бидат наменети за поддршка на украинската Влада и на буџетот.

Лајен посочи дека Европска Унија размислува и за реконструкцијата на Украина по војната.

– Знаеме дека Украина е на линијата на фронтот, ги брани нашите европски вредности. Ние ќе продолжиме да бидеме покрај нив во текот на оваа војна и кога ќе ја обноват својата земја … Се разбира, треба да размислиме за денот потоа и за пошироки напори за обнова, посочи Лајен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“