ЕК отвора истрага за рестрикциите за увоз на челик

Од:

Европската Комисија соопшти дека отвора истрага за да утврди дали мерките за ограничување на увозот на челик треба да се продолжат после јуни 2021, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Овие мерки беа воведени откако американската администрација на Доналд Трамп воведе слични ограничувања во САД, предизвикувајќи серија рестрикции за увоз во ЕУ.

Мерките се во сила до 30 јуни оваа година.

Дванаесет земји членки на ЕУ побарале истрага од ЕК за да се утврди дали рестрикции тетреба да останат на сила и после овој рок. Истрагата ќе се заснова на правилата на ЕУ и на Светската трговска организација (СТО) за да утврди дали ограничувањата се сѐ уште потребни за зачувување на европската челична индустрија.

ЕК ги повикува сите засегнати страни да го поднесат своето мислење во рок од петнаесет дена или да ги пополнат потребните прашалници. Откако Комисијата ќе донесе одлука, таа ќе им биде поднесена на земјите членки на ЕУ за гласање, а ќе се водат консултации и со трети земји засегнати од овие мерки.

Одлуката треба да биде донесена пред јуни годинава.

Би можело да ве интересира

ЕК сака да воведе европски стандард за заштита на новинарите

Ана Ололовска

Европа ја заслужува софата на Ердоган

Ана Ололовска

Анкара тврди дека распоредот на седиштата бил по барање на ЕУ, ЕУ не коментира

Ана Ололовска

Мамер: Фон дер Лајен беше изненадена од протоколот кај претседателот Ердоган

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фон дер Лајен остана без столче на средбата со Ердоган

Ана Ололовска

ЕК: С. Македонија нѐ информираше дека не ги исполнува критериумите за Солидарниот фонд

Ана Ололовска