ЕК го критикува француското управување со пандемијата

Од:

Европската комисија испрати препораки до секоја земја, но овојпат во нив станува збор и за „Ковид 19.“

Во случајот со Франција, Брисел јасно укажува на празнините во подготовката на здравствениот систем за пандемија.

Меѓу недостатоците кои се набројани се наведува: недостатокот на маски, тестови и координација помеѓу различните професии.

Брисел, исто така, укажува на недостаток на инвестиции, недостаток на соработка помеѓу јавните и приватните болници и фактот дека една шестина од Французите живеат далеку од општ лекар.

Од податоците изнесени од страна на Комисијата остава впечаток фактот, дека од почетокот на март, 100.000 возрасни Французи се хоспитализирани.

Тоа е шест пати повеќе од вообичаениот зимски грип ако се земе в предвид просекот во последните седум години.

На интензивна нега се нашле 17.000 Французи, десетпати повеќе отколку со класичниот грип.

Она што е карактеристично е дека сите овие лица се хоспитализирани во просек неколку недели, што предизвикува сериозна зафатеност на болничките кревети.

Од 28.000 смртни случаи од коронавирус во Франција, 300 се кај лица под 50 години и 1100 кај оние под 60 години.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден