ЕК ги осуди антисемитските маски на белгискиот карневал во Алост

Од:

Европската Комисија, како и бројни други организации ширум светот, ги осудија маските кои претставуваат Евреи на карикатурален начин за време на годишниот карневал во градот Алост, во Белгија.

Ова не е прв пат на овој карневал да дефилираат антисемитски репрезентации, маски и фигури на овој карневал.

Минатата година карневалот беше отпишан од светското културно наследство на УНЕСКО поради “постојани расистички и антисемитски“ репрезентации.

Премиерката на Белгија, Софи Вилмес, остро ги осуди маските, но за сега нема информации за било какви санкции против организаторите и покрај тоа што секоја година се повторува истиот феномен.

Денеска Европската Комисија порача дека би требало да биде очигледно дека “вакви слики не треба да парадираат низ европските улици“ 75 години по Холокаустот и потсети дека “ЕУ остро се спротивставува на било каков вид антисемитизам, спротивен на принципите врз кои е изградена ЕУ“.

Европската Комисија, меѓутоа, не е надлежна да реагира за вакви теми во земјите членки, но добила низа поплаки од трети страни и во наредните денови и недели ќе ги разгледа, и ќе одлучи каков одговор ќе им даде.

Портпаролите на Европската Комисија посочија дека целиот колеџ на еврокомесари стои на ставот дека овие маски се неприфатливи за Европската Унија, но не беа во можност да одговорат кој е ставот на еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс.

Имено, пред неколку години беа објавени слики од Рејнерс, поранешен министер за надворешни работи на Белгија, со црна фарба на лицето, познато како “black face“ и одраз на колонијалниот расизам кон Африканците. 

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе и дава на Украина три милијарди евра профит годишно од замрзнатите руски фондови

Горан Наумовски

ЕК: Проширената ЕУ да не носи со себе нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови

ЕУ ги релаксира строгите климатски правила за да го смири гневот на земјоделците

Горан Наумовски

Европската Комисија препорача отворање на преговорите со Босна и Херцеговина

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала