ЕК бара објаснувања од поранешната потпретседателка на институцијата Нели Крус поради „Досиејата Убер“

Од:

Европската комисија испрати писмо до поранешната потпретседателка на институцијата Нели Крус (Холандија) во кое бара објаснување во врска со напис од меѓународна новинарска истрага што доведува до сомневања за лобирање. Ова го потврди портпаролот на комисијата.

– Ги видовме објавените текстови, правиме анализи. Не избрзуваме со заклучоци, рече портпаролот. Тој додаде дека поранешните еврокомесари имаат обврски и некои случаи може да бидат упатени до Судот на правдата на ЕУ во случај на сомневање за прекршување.

„Досиејата Убер“ се истрага за внатрешни документи на Убер добиени од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари. „Монд“ доаѓа до заклучок дека францускиот претседател Емануел Макрон бил вклучен во својство на министер за економија во времето на настаните, во корист на американската компанија. Гардијан ја забележува интервенцијата на Круз во корист на активностите на компанијата во ЕУ и нејзиното последователно официјално пристапување во компанијата по повлекувањето од ЕК.

Британски Гардијан сподели со медиумски партнери во 29 земји податоци од 124.000 записи, е-пошта, текстуални пораки, од 2013 до 2017 година, кои откриваат разговори и состаноци меѓу директорите на Убер и јавни функционери додека такси компанијата се обидувала да ги прошири операциите во 40-на држави.

Илјадници датотеки открија како Убер им се додворувал на моќните политичари и колку се потребни за да се избегне правдата. Најпознатото име кое се споменува е актуелниот француски претседател Емануел Макрон.

Крус беше еврокомесар за дигитална агенда од 2004 до 2014 година. Европските истражители претходно открија дека Крус ги прекршила правилата на ЕУ со тоа што „пропуштила“ да изјави кога ја презела функцијата комесар дека истовремено работела и како директор на офшор-компанија „Минт холдингс“, што е неспоиво со позицијата на ЕУ.

Убер издвојувале 88 милиони евра годишно за лобирање, а во обидите да ги поразат традиционалните такси компании ја искористија помошта на истакнати и моќни политичари. Во август 2014 година, амбициозниот поранешен банкар Емануел Макрон беше назначен за министер за економија, јави Би-Би-Си и додава дека актуелниот француски претседател го гледал Убер како извор на економски раст, а му биле потребни нови работни места.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Кој ќе ги снабдува граѓаните со струја ќе се знае од крајот на април: Комисијата се уште не закажува наддавање

Орце Костов

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка проследен на натамошна собраниска постапка

Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

Орце Костов

Формирана комисија за спроведување на мерката за клима инвертери