Египетската влада во декември ќе почне со преселување во новиот административен центар

Од:

Египетската влада ќе започне со преместување на канцеларијата во нов административен центар, источно од Каиро, во декември, се наведува во соопштението на портпаролот на кабинетот на претседателот.

„Претседателот Абдел Фатах ал-Сиси и наложи на Владата да покрене преместување на владината канцеларија во декември за период од шест месеци“, се додава во соопштението.

Новиот главен град е дизајниран како високотехнолошки „паметен град“ за 6,5 милиони жители со цел да се намали гужвата во Каиро.

Таму ќе се наоѓа владин кварт, деловен кварт, големи паркови и дипломатски кварт.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски