Египет: Потврдени 13 смртни казни за тероризам

Од:

Највисокиот египетски Апелациски суд денеска ги потврди смртните казни на 13 лица осудени за терористички напади во главниот град Каиро, во кои загинаа двајца полицајци.

Касацискиот суд, исто така, ги потврди и доживотните казни затвор за 17 лица и помалите казни за уште девет лица, сите со слични обвиненија.

Осудените се обвинети дека се обиделе да убијат полицајци и цивили, така што поставиле експлозивни направи пред универзитетскиот кампус во декември 2014 година и пред претседателската резиденција следниот месец. Во нападите, 12 лица беа повредени.

Првите казни беа изречени во 2017 година, а пет лица беа ослободени.

Би можело да ве интересира

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Египет бара формирање независна држава Палестина

Во Њујорк: Автомобил полн со канти со бензин удри во луѓе, загинаа две лица, а петмина се тешко повредени

Горан Наумовски

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски