Египет: Незадоволство на сите страни на КОП27

Од:

Има „еднакво незадоволство“ на сите страни на климатската конференција КОП27 во услови на несогласувања за главните прашања, соопшти домаќинот Египет.

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри, кој претседава со конференцијата, рече дека на преговарачките групи им презентирал нацрт-текст за клучните прашања.

– Како што може да претпоставите, ниту една од групите не можеше да каже дека сите нивни интереси се одразени, рече тој на брифинг со новинарите, јади ДПА.

– Но, огромно мнозинство од страните ми посочија дека го сметаат текстот како избалансиран и дека претставува потенцијален пробив што може да доведе до консензус, нагласи Шукри.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На КОП27 конечно договорен долго бараниот фонд за компензација

Ана Ололовска

Сè уште нема договор на климатска конференција КОП27

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

ОН објавија „нон-пејпер“ од самитот КОП27

А1он

Сунак: Војната во Украина е критичен момент во борбата со климатските промени

Ана Ололовска

Италијанската премиерка побара целосна посветеност на сите земји во борбата против климатските промени

Ана Ололовска