Египет: Нема докази за кривично дело што ја предизвикало несреќата на рускиот авион над Синај

Од:

Египет денеска соопшти дека ќе ги земе предвид заклучоците на Русија, според која минатонеделната несреќа на рускиот патнички авион над Синајскиот Полуостров била предизвикана од бомба, но неговата истрага засега не откри докази за кривично дело, соопшти ТАСС.

Изјавата беше дадена на заедничката прес-конференција на египетскиот премиер Шериф Исмаил и неколку министри во летувалиштето Шарм ел Шејк, од каде полетал рускиот авион.

Министерот за внатрешни работи Магди Абдал Гафар изјави дека засега не се откриени докази за безбедносен пропуст на аеродормот во Шарм ел Шејк, што може да се поврзе со уривањето на авионот.

– Доколку се утврди таков пропуст, виновниците ќе бидат казнети, изјави тој.

Според него, египетските власти ги засилиле безбедносните мерки на сите аеродроми и изведуваат детални проверки на багажот и патниците. Тој кажа дека во Египет не е уапсено ниту едно лице под сомнение дека учестувало во уривањето на авионот.

Исмаил изјави дека несреќата нема да се одрази врз односите меѓу Русија и Египет.

Министерот на цивилна авијација, Хосам Камал, на прес-конференцијата изјави дека се разгледуваат сите сценарија за уривањето на авионот.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска