Едно од шест складишта на жито во Украина се запленети, уништени, оштетени или загадени од војната на Русија

Од:

Приближно едно од шест складишта на жито во Украина се одземени, намерно уништени, оштетени или загадени од војната на Русија во оваа земја и тоа може да претставува воено злосторство, изјавија од Стејт департментот.

dobivaj vesti na viber

Ова се наоди од вчера објавениот извештај на Опсерваторија на конфликти при Стејт департментот, изјави портпаролот Нед Прајс.

-Тоа значи дека тие се запленети од руските сили или намерно уништени, оштетени или загадени до таму што житото е некорисно. Придобивките од договорот Црноморско жито склучен со посредништво на ОН и Турција за безбедно снабдување на храна се пред ризик ако инфраструктурата во Украина продолжува да биде оштетувана, истакна тој.

Според извештајот, тоа може да претставува воено злосторство и прекршување на дополнителниот протокол од 1977 година на Женевската конвенција.

– Затоа повикуваме на понатамошна истрага преку соодветните механизми поврзано со сите вакви извештаи, рече Прајс.

Во списокот од 22 санкционирани лица ополномоштени од Русија во Украина, вклучени се и лица кои го надгледувале запленувањето и кражбата на стотици илјади тони житарица од Украина.

– Нивните акции ја усложнуваат кризата со храна во светот, рече Прајс.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски е „антихрист“ или „мал демон“ – дебата на руска телевизија

Макрон: Ако Путин се согласи на преговори, Западот мора да ги разгледа неговите барања

Русија тајно набавила „флота во сенка“ од 100 танкери за да се бори со санкциите од Западот

Катерина Павлова-Николовска

Русија не прифаќа комплетно повлекување на војската од Украина како услов за преговори

ВИДЕО: Објавена снимка од разурнатиот Бахмут

Украина: Руската економија ќе биде уништена од ограничувањето на цената на нафтата