Една жртва во немири во северозападниот дел на Иран, исламистички студенти протестираа пред Британската амбасада во Техеран

Од:

Иранските безбедносни сили пукале кон учесници на протестите организирани поради смртта на Махса Амини во градот Махабад со северозападниот дел на земјата, при што е убиен еден од демонстрантите, соопшти денеска групата за човекови права „Хенгав“ со седиште во Осло.

На видео-снимките од синоќешните немири објавени денеска преку социјалните мрежи се гледаат толпи луѓе, сцени од немири и опожарени продавници. Демонстрантите безуспешно се обиделе да заземат владините објекти.

Од „Хенгав“ посочуваат нередите ескалирале по убиството на 35-годишниот демонстрант Исмаил Маулуди, застрелан синоќа кога група демонстранти се обиделе да влезат во канцеларијата на гувернерот.

Илјадници луѓе се собраа вчера околу гробот на Махса Амини во нејзиниот роден град во провинцијата Курдистан, за да и оддадат почит 40 дена по нејзината смрт

Стотици владини поддржувачи денеска протестираа пред британската амбасада во Техеран, извикувајќи слогани против редакцијата на ирански јазик на „Би-Би-Си“ со седиште во Лондон и телевизијата „Иран интернешенел“, кои се ставени на црната листа на Иран како терористички организации.

Демонстрантите биле претежно студенти на исламските семинарии лојални на Владата во Техеран.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски