Една жртва во ерупцијата на вулканот Стромболи

Од:

Италијанскиот остров Стромболи денеска е погоден од низа опасни ерупции на вулкан, а локалните власти соопштија дека загинало едно лице.

Станува збор за турист кој се качувал на врвот на вулканот кога се случиле ерупциите, рече градоначалникот на Липари, Марко Џорџани.

Поради ерупциите, туристите биле принудени од плажите да бегаат во море.

На островот се случија две нови ерупции, а од вулканот излегуваат црвени, вжештени камења, наречени „лапили“.

Од кратерот излегува огромен столб густ, црн чад, тврдат очевидци.

Италија има три активни вулкани. Тоа се Етна на Сицилија, Везув кај Неапол и Стромболи на истоимениот мал сицилијански остров.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

Силен земјотрес во Италија