Една жена загина, а десетици лица се ранети во земјотресот со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала, кој вчера го погоди северен Тајланд, соопштија тајландските власти.
Осумдесет и тригодишната жена починала, откако врз неа се урнал ѕид, изјави претставник на спасувачките екипи.
Во силниот земјотрес се оштетени патишта, згради и храмови, а прекинато е снабдувањето со електрична енергија на повеќе места.
По земјотресот следуваа над 50 послаби вторични потреси.