Единаесет жртви во поплавите во Белгија, во Германија над илјада се водат како исчезнати

Од:

Бројот на жртви од поплавите во јужниот дел на Белгија, најголеми во последните 20 години, се искачи на 11 лица, јавија белгиските медиуми.

„Властите ја потврдија смртта на 11 лица, а се смета дека тројца спасувачи чиј брод се превртел во каллив поток“, соопшти телевизискиот канал РТБФ. Спасувачките екипи користат моторни чамци и хеликоптери за да ги евакуираат луѓето.

Во меѓувреме, властите во областа Ахрвејлер во западната германска покраина Рајнска област-Пфалц соопштија дека немаат информации за повеќе од илјада луѓе.

„Во моментов претпоставуваме дека има околу 1.300 исчезнати лица. Само во областа на окружниот град Бад Ноенахр-Ахрвајлер, од утрово имало околу илјада повици, а операциите за спасување продолжуваат“, се вели во соопштението на службата.

Во Германија досега се потврдени најмалку 59 жртви.

Илјадници луѓе во Холандија се повикани да ги напуштат своите домови за да избегнат поплави поради надојдени реки.

Неколку градови и села покрај реката Маас во провинцијата Лимбург ги советуваа луѓето синоќа да побараат засолниште, барем до попладне, поради големата опасност нивните домови да бидат поплавени во наредните часови.

Би можело да ве интересира

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје